Во јуни 2016 година, ЛинкАкрос ги сними дванаестете видеа од овој серијал, и обработката ја заврши во декември 2016 година. Преку овие 12 видеа за обука се покриваат најважните теми од педијатриската прва помош и CPR. Истите се сега јавно достапни на веб адресата www.prvapomos.mk. Видеата претставуваат опширна алатка за континуирано учење не само за предучилишните работници туку и за просветните работници и за пошироката јавност. ​

Видео материјалот е и всушност поддршка на еден успешен проект кој ЛинкАкрос го реализираше во пролетта 2015 и во 2016 година. Во 2015 година се обучија 200 учители и негуватели од 4 различни градинки во Скопје, а во 2016 година, со помош на Швајцарската амбасада во Република Македонија, се прошири проектот преку кој се сними видео серијалот, и се овозможи обука на речиси 500 вработени во градинките и родители на деца во 5 градови во Република Македонија. 

Идејата за проектот е резултат на една позитивна локална иницијатива. Директорка на една од градинките во Скопје побара помош од ЛинкАкрос за адресирање на потребата за обука на персоналот во градинките за ефективен одговор при ургентни медицински ситуации. ЛинкАкрос, заедно со Клиниката за детски болести од Скопје разви материјал за обука по педијатриска прва помош и срцево белодробно оживување (CPR).  Потоа, овој проект беше презентиран и одобрен од Министерството за труд и социјална политика.